ЕУ планира да им препорача на земјите да ги обноват ограничувањата за туристите од САД
Eвропската унија планира да им препорача на земјите -членки да ги обноват ограничувањата за туристите од САД поради зголемувањето на нивото на инфекции со коронавирус во таа држава, објавија денеска европски дипломати.
Најновите упатства може да пристигнат веќе оваа недела, според дипломати на ЕУ, кои зборуваа под анонимност, бидејќи процесот на ревизија се уште е во тек.
Секоја одлука ќе биде необврзувачка, бидејќи ЕУ нема унифицирана туристичка политика поврзана со Ковид 19, а националните влади имаат овластување да одлучат дали ќе ги остават своите граници отворени за туристи од САД.
Одлуката за отстранување на САД од листата на безбедни земји за несуштински патувања ќе ја поништи препораката од јуни, кога блокот од 27 членови препорача укинување на ограничувањата за американските патници пред летната туристичка сезона.
Ново на Сител
-

Муцунски: Владата работи на трајно решение за одблокирање на евроинтеграциите
-

Цената на суровата нафта „потона“
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
