ЕУ од следната недела ќе почне да штеди гас
Намалувањето на потрошувачката на гас од 15 отсто во ЕУ ќе стапи на сила „на почетокот на следната недела” за да се компензира намалувањето на испораките од Русија, објави чешкото претседателство со Советот на ЕУ, јави дописникот на МИА.
Регулативата за намалување на побарувачката на гас е формално усвоена. Текстот ќе биде објавен во Службениот весник на почетокот на следната недела и ќе стапи на сила еден ден по објавувањето”, прецизираше Претседателството на својот Твитер профил. Тој треба да биде објавен во понеделник и ќе стапи на сила во вторник, изјави европски дипломатски извор.
Договорот за оваа мерка беше постигнат на вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ на 26 јули. Само една земја, Унгарија, се спротивстави на оваа мерка која се сметаше за „неоправдана, непотребна, неприменлива и штетна”, но едногласноста не беше потребна и унгарската влада не можеше да го спречи нејзиното усвојување.
Договорот предвидува дека секоја земја ќе направи „се што е можно” за да ја намали потрошувачката на гас во периодот од август 2022 до март 2023 година за најмалку 15 отсто во споредба со просекот од последните пет години во истиот период. Мерката беше наметната со намалувањето на испораките на гас од страна на Русија, која до минатата година обезбедуваше околу 40 отсто од увозот на гас од ЕУ.
„Ако работиме добро, ќе можеме да го замениме рускиот гас”, вели францускиот еврокомесар Тиери Бретон
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги повика земјите-членки да се „подготват за најлошото сценарио” за прекин на снабдувањето со руски гас.
Во случај на „ризик од сериозен недостиг”, механизмот за предупредување ќе го направи намалувањето од 15% „обврзувачко” за Дваесет и седумте, но оваа цел ќе биде прилагодена на реалноста на секоја држава, особено на капацитетите за извоз на заштедени количини на гас за земјите на кои им е потребна, благодарение на низата отстапувања. Земјите-членки, исто така, мора да ги надополнат своите залихи пред зимата.
Ново на Сител
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната
-
Високите температури ја полнат струмичка брза помош
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници