ЕУ очекува Србија да се усогласи со санкциите против Русија
Европската комисија денеска стави на знаење дека очекува од сите земји кандидати за членство во ЕУ да се усогласат со политиката на санкции против Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.
Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вчера ги повика земјите од Западен Балкан да се усогласат со санкциите против Русија.
Од Европската комисија денеска повторно пристигна истата порака: усогласувањето со одлуките и мерките во областа на надворешната политика на ЕУ е дел од процесот на зачленување во ЕУ.
-Знаеме дека единството и одлучноста да делуваме се нашата сила, ЕУ и партнерите преземаа силни мерки како одговор на дејствијата на Русија, земјите кандидати како Србија се очекува да се усогласат со одлуките во областа на надворешната политика, очекуваме сите земји кои сакаат поблиски односи со ЕУ да се усогласат со политика на санкции, рекоа портпаролите Ана Писонеро и Ерик Мамер на денешниот брифинг за новинари.
Комисијата не спомена опција за замрзнување на преговорите со Србија доколку тоа не биде сторено и порача дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е процес кој може да потрае.
Ново на Сител
-
Жените од руралните средини како хероини
-
Осми март го наполни Охрид со гости
-
Преглед на вестите од светот
-
Невработеноста во Македонија на најниско ниво досега
-
Тема на денот со Леа Липша, директорка на фондацијата „Телеком за Македонија“
-
За реализација на едносменска настава ќе се прераспределуваат наставници од една во друга општина
-
Реновирани Интензивна и целиот прв кат на Инфективна
-
Коцевски: Во предлогот за разрешување нема основ за утрврдување тешка дисциплинска повреда