ЕУ објави план за ослободување од руската нафта и гас

Европската унија ги повика луѓето помалку да возат, да ги исклучуваат клима уредите и да работат од дома три дена во неделата за да ја намалат зависноста од руската нафта и гас.
– Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки наречен „Ја играм мојата улога“ (Playing My Part) ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за загревање на речиси 20 милиони домови, соопшти Европската комисија.
– Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за енергија поради енергетската криза која војната ја влоши. Користењето помалку енергија не е само директен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку исто така ја поддржува Украина со намалување на потребата за руска нафта и гас, и се помага да се намалат приливите на приходи што ја финансираат инвазијата, се додава.
Според планот, намалувањето на термостатот за само 1 Целзиусов степен би заштедило околу седум проценти од енергијата што се користи за греење, додека местењето на клима уредот за еден степен потопло би можело да ја намали потрошувачката на електрична енергија до 10 проценти.
Тие ги повикаа граѓаните да го намалат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги адаптираат поставките на бојлерот, да го користат својот автомобил поекономично, да ја намалат брзината на автопатиштата, со исклучена клима за автомобили, во недела во големите градови да го остават автомобилот дома, кратките релации да се поминуваат со пешачење или возење велосипед наместо со автомобил, да се користи јавен превоз, да се патува со воз наместо со авион.
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
