ЕУ обезбедува помош по поплавите во Германија и Франција и е подготвена да ја поддржи Јапонија по земјотресот
Европската комисија соопшти дека обезбедува помош за справување со штетите по поројниот дожд во Германија во регионите на Долна Саксонија и Тирингија, како и во Па-де-Кале во Франција.
Во овие области има поплави и излеани реки, а двете земји побараа помош во рамките на механизмот за цивилна заштита на ЕУ, наведува Комисијата.
Според механизмот, Франција испрати во Германија 39 службеници за цивилна заштита со 16 возила. Во Франција е испратена помош од Холандија, Чешка и Словачка, се додава во соопштението.
Помош во случај на дополнителни потреби понудија и Австрија, Унгарија, Шведска, Словенија и Словачка.
Комисијата денеска ја објави и заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и европскиот комесар за управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, по повод земјотресот во Јапонија.
Двајцата изразија сочувство за жртвите од природната катастрофа, како и за жртвите од авионската несреќа во Токио.
„ЕУ целосно сочувствува со јапонскиот народ и е подготвена да им понуди секаква неопходна поддршка на властите во овој тежок момент“, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Не само ПМ честичките туку и бројни хемикалии во загадениот воздух влијаат на здравјето
-
Тема на денот со Маргарита Цаца Николовска
-
Агелер: Ако ние обезбедивме докази за Груби и Беџети, можат и македонските власти
-
Голема полициска акција: Уапсени над 20 лица за криминал тежок 6,5 милиони евра
-
ДУИ со една реченица ја поздрави одлуката на Стејт Департментот, не запираат рекациите
-
Објавени документи пред утрешната одлука на Уставниот суд за јазиците
-
Протест во Скопје за спас од загадениот воздух