ЕУ не исклучува нов бран мигранти од Либија

Во Либија се наоѓаат околу 500 илјади мигранти од Африка и ако ситуацијата во таа држава се влоши не е исклучено кон Европа да почне нов миграциски бран, изјави на прес-конференција шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел.
Изјавата доаѓа откако Борел кон крајот на јануари најави планови ЕУ да се вклучи во надгледувањето на мировниот процес во Либија. Тој, по состанокот на министрите за надворешни работи рече дека ЕУ ќе ја пренасочи својата поморска мисија во Медитеранот, поконкретно за Операција Софија, за да го следи и контролира спроведување на ембаргото за оружје наООН против Либија.
За време на својата следна средба, закажана за 17 февруари, Советот за надворешни работи на ЕУ се очекува да разгледа опции за мониторирање на прекинот на огнот во Либија.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
-

Сончево со умерена облачност
-

Македонските ракометарки се пласираа на Европско првенство 2026
-

Обид за опожарување на објектот на еврејската заедница во Македонија и синагогата
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
