ЕУ најверојатно ќе ја пролонгира одлуката за продолжување на санкциите кон Русија
Европската унија би можела да ја одложи одлуката за продолжување на санкциите кон Русија, бидејќи Италија се залага за тоа да се одлучува на самитот на ЕУ, што ќе се одржи следната недела.
Се очекува амбасадорите од 28 земји-членки, без каква било дебата, да ги продолжат санкциите кон Русија поради Украина за уште шест месеци.
Но, постои поделба меѓу земјите-членки на ЕУ за тоа прашање и инсистирањето на Западот да добие помош од Москва во решавање на судирите во Сирија. Рим оценува дека одлуката треба да ја донесат лидерите на ЕУ на состанокот во Брисел следниот четврток или петок.
Санкциите кон Русија, кои се однесуваат на нафтениот, банкарскиот и воениот сектор, се воведени по соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, а се обвинети проруските сили.
Ново на Сител
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка
-
Привршува судењето за убиствата на Вања и Панче, завршни зборови на 2 јуни
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот