ЕУ: На Грција можеби нема да и треба нова програма за спас

По истекот на сегашниот план за спас, кон средината на 2018 година, Грција можно е да нема потреба од нова програма за помош, изјави раководителот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг.
- Доколку во следните 18 месеци помошта биде искористена правилно, уверен сум дека ова ќе биде последната програма што треба да ја спроведува Грција, изјави Реглинг во интервју за германскиот весник „Зидојче Цајтунг“.
Тој смета дека доколку ги спроведе договорените мерки, веќе од средината на идната година Грција ќе може „самата да стои на нозе и да позајмува средства од финансиските пазари“.
Реглинг во интервјуто потоврдува дека меѓу европските институции и Меѓународниот монетарен фонд постојат разлики околу прогнозите за идните економски перспективи на Грција, пред се во делот на одржливоста на државниот долг.
- Постојат разлики и околку тоа колку Атина ги спровела преземените обврски за стабилизација на својот финасиски систем. ЕУ смета дека Грција практично стори се што беше можно за консолидација на буџетот, додека ММФ оценува дека има уште многу работа во таа сфера, додава Реглинг во интервјуто за „Зидојче Цајтунг“.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
