ЕУ: Македонија да ги зајакне вработеноста, јавното здравство и социјалната заштита
Утре се одржува редовниот економски дијалог помеѓу ЕУ и земјите од западниот Балкан, оваа година со посебен фокус на социо-економските последици од кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.
Во нацрт заклучоците подготвени од страна на Советот на ЕУ за Македонија се издвојува фактот дека структурните слабости на македонската економија се нагласени поради здравствената криза, поради што е потребно земјата да продолжи со „ефективни и добро координирани структурни реформи“ за да се „ублажат последиците од пандемијата и да се забрза закрепнувањето по кризата“.
Економскиот дијалог помеѓу земјите на ЕУ и земјите од западниот Балкан е редовна пракса со која се испитува напредокот на регионот во однос на економските и финансиските реформи и подготвеноста на земјите да се справат со предизвиците од идното членство во Европската Унија.
За Македонија ќе биде од голема важност да ги зголеми напорите во борбата против корупцијата, како и да го засили владеењето на правото и транспарентноста за поефикасно справување со последиците од кризата, смета Унијата.
Зајакнувањето на јавното здравство е една од поважните структурни реформи на кои Македонија ќе треба да се фокусира во иднина.
Во февруари годинава, Македонија ја доставила својата економска реформска програма за 2020-2022, додека пак препораките од мај 2019 се „делумно имплементирани“ иако економскиот раст е зајакнат изминатата година, главно благодарение на домашната побарувачка и со поддршка на „експанзивни политики“, се посочува документот кој треба да биде усвоен утре.
Останува дека подобрувањето на макроекономската слика е загрозено од кризата со коронавирусот, како на домашно ниво, така и поради зависноста на Македонија од ЕУ, нејзиниот главен трговски партнер. Поради новонастанатата ситуација, проекциите на ЕУ од минатата година веќе не важат.
Се поздравуваат првичните брзи и „смели“ реакции на властите за справување со кризата, како што е помошта за најзагрозените сектори, заеми без камата за мали и средни претпријатија, субвенции за работодавците или пак помошта за ранливите семејства во неформалната економија.
ЕУ е свесна дека поради мерките за закрепнување и глобалната рецесија, Македонија ќе се соочи со одлагање на роковите за намалување на јавниот долг, но очекува од властите да се навратат на оваа цел по првичниот шок врз економијата.
Заклучоците го поздравуваат и реформскиот напредок на властите врз пазарот на трудот во последните години, меѓутоа се предупредуваат властите дека кризата ќе ги загрози работните места, вклучително и оние од неформалниот сектор.
– Кризата ја истакна потребата постојано да се ревидира системот на социјална заштита со цел подобрување на нејзината координираност со мерките за вработување за да се подобри капацитетот на намалување на социјалната исклученост и сиромаштија, се додава во документот.
Унијата, исто така, предупредува дека оваа криза посебно ќе ги погоди малите и средните претпријатија, фриленсерите и малите семејни бизниси, на кои ќе им биде потребна итна помош.
– Ефикасноста на мерките за поддршка зависи од доброто владеење, координираноста и инклузивноста, како и способноста да се земе предвид неформалниот сектор, порачува ЕУ.
Ново на Сител
-
Македонија го чествува Денот на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј
-
Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност
-
Федерален судија ја суспендира одлуката на Трамп да му забрани на Харвард да прима странски студенти
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари