ЕУ ќе работи за поевтин роаминг за Западниот Балкан
Еврокомесарката за дигитална економија Марија Габриел во вторник на конференција на европските народни партии (ЕНП) ќе го презентира својот план за намалување на цените на роамингот во земјите на Западниот Балкан, јави дописникот на МИА од Брисел.
- Комесарката Габриел ќе им го презентира на амбасадорите од Западниот Балкан и засегнатите актери во овој сектор, планот за намалување на роаминг цените и широкпојасен интернет во регионот за засилување на регионалната конективност, изјави Андреј Ковачев, европратеник од ЕНП.
Европската перспектива и конективноста на Западен Балкан се приоритети на бугарското претседателство.
Бугарија сака да постигне значајни резултати за поголема поврзаност на регионот – воздушна, транспортна, дигитална и образовна.
Намалувањето на роамингот е една од тие мерки се вели во соопштението на Европската народна партија.
- Роаминг цените се смешно високи. На пример бугарски корисник во Македонија може да плати дури 15 евра од мегабајт за мобилен интернет и три евра од минута за повик. Европската Комисија се сретна со претставници од телекомуникациските компании од регионот за да дискутираат како да се намалат овие цени. Иако компаниите се приватни тела тие би можеле да разгледаат разни опции како меѓусебни доброволни комерацијални договори, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов