ЕУ ќе одвои 700 милиони евра помош во наредните три години за миграциската криза

Европската Унија се подготвува да одвои 700 милиони евра во текот на следните три години за хуманитарна помош внатре во Унијата, пред се за Грција, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Според планот, што Европската комисија утре би требало и официјално да го предложи, фондови на ЕУ ќе се користат за хуманитарни операции во рамките на Унијата, како што се во моментов во конфликтните зони во Африка и на Блискиот Исток, информирале три официјални лица запознаени со разговорите.
Во моментов, персоналот и буџетот на Унијата може да се користат само во ограничена мера за справување со хуманитарни операции во рамките на ЕУ, главно за да се координира билатералната помош што ја испраќаат членки на ЕУ во друга земја-членка во неволја, на пример, кога има земјотрес или други природни катастрофи. Поставувањето на бегалските кампови во соработка со агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) досега можеше да се направи само надвор од рамките на ЕУ.
На нивната последна средба во Брисел на 19 февруари, лидерите на ЕУ истакнаа дека „сега е потребно капацитетите на ЕУ да се анажираат за внатрешна хуманитарна помош, во соработка со организации како што се УНХЦР, со цел поддршка на земјите кои се соочуваат со голем број бегалци и мигранти“. Тие побараа од Комисијата што е можно поскоро да излезе со предлог.
За инструментот само ќе треба одобрение од земјите-членки на Унијата, што е врз основа на одредба во договорите на ЕУ која не бара вклучување на Европскиот парламент.
Претходно овој месец, шефот на Комисијата, Жан-Клод Јункер му вети на грчкиот премиер Алексис Ципрас 500 милиони евра помош за справување со хуманитарната криза со која со соочува Грција.
Грчките функционери проценуваат дека трошоците поврзани со миграциската криза, со оглед на веројатноста дека во земјата ќе останат заглавени уште повеќе луѓе, ќе достигнат една милијарда евра само оваа година.
Ново на Сител
-

Трамп: Европа не е тоа што беше порано, да не бевме ние во Данска ќе се зборуваше германски и јапонски
-

Стојаноски: Со новиот Кривичен законик секој во државава ќе мора да ги почитува законите, а правдата ќе важи за сите
-

Сите државни патишта проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
-

Трамп со јасна порака во Давос: САД нема да употребат сила за да го преземат Гренланд
-

Тошковски: Во тест периодот на „Безбеден град“ девет жртви помалку од истиот период лани
-

Управниот одбор на АД ЕСМ именува времени координатори во РЕК Битола и РЕК Осломеј
-

Николоски: Апелирам до ЕУ, македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во Шенген зоната за да не трпиме економски штети
-

Собранието донесе неколку закони во рамките на 81. пленарна седница
