ЕУ ја зајакнува безбедносната соработка

Европската унија денеска усвои одлука за формирање на штабови за планирање на мисии и операции во рамките на Заедничката безбедносна и одбранбена политика, изјави денеска високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини.
Могерини, која преседаваше на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ, истакна дека одлуката е донесена едногласно и оти испратила јасна порака за подобра соработка.
- Ние постојано напредуваме кон зајакнување на одбранбената соработка и ќе продолжиме да работиме уште повеќе. Станува збор за заштитата на нашите граѓани. ЕУ располага со инструменти што можат да им помогнат на Европејците да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, да работат повеќе и поефикасно, истакна Могерини по состанокот.
Мерките вклучуваат воспоставување на штабови за воено планирање и спроведување во внатрешноста на постоечките воени структури во Европските служби за надворешна политика, што ќе ги командаат не-воените мисии во Унијата.
ЕУ во моментов има три мисии за воена обука во Сомалија, Централна Африка и во Мали.
Могерини нагласи дека оваа одлука е огромен чекор напред за ЕУ по повеќедецениските несогласувања за тоа каква воена улога треба да има.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
