Свет
13. December 2019 - 8:20

ЕУ ја поздрави „чистотата“ во изборните резултати во Велика Британија

Европските дипломати ја поздравија „чистотата“ која, се чини, е пресудна за изборната победа на британските конзервативци, што, пак, земјата ја донесоа до прашањето за излез од ЕУ, но додаваат и дека ќе биде предизвик за трговскиот договор до крајот на 2020 година.

Британските конзервативци, веќе се знае, освоија 358 мандати во 650-члениот британски Парламент, наспроти 203-те мандати за ривалските лабуристи, што има прави комотно мнозинство за сите овие чекори што земјата ја чекаат.

-Тоа што синоќа беше сигурно, се чини, е што дојде до појаснување, изјави француската министерка за европски работи Амели де Моншталан, пренесуваат британските медиуми.

Таа кажа дека лидерите на ЕУ сега ќе разговараат за мандатот за преговарање за идните односи со Велика Британија по планираното излегување на земјата од Унијата на крајот на јануари.

-Најважната работа со Брегзит не е начинот на кој се разделуваме, туку тоа што ќе градиме потоа, рече таа.

Велика Британија и ЕУ мораат да преговараат за трговски договор до крајот на 2020 година, бидејќи тогаш завршува преодниот период  за излегување на Велика Британија кога трговските односи меѓу Лондон и неговиот најголем трговски партнер – ЕУ, ќе се вратат на стандардите на Светската трговска оргзнаиција.

Меѓутоа, официјални претставници на ЕУ сметаат дека преговорите за трговски договор со Велика британија за помалку од 12 месеци ќе биде многу тешко да завршат, бидејќи таквите договори се склучуваат со години.