ЕУ ја потсетува Велика Британија дека е време за избор

Време е Велика Британија да направи избор, каков вид односи сака со ЕУ по Брегзит, изјави денеска еврокомесарот за Брегзит, Мишел Барние во Лондон.
- Единствено што можам да кажам е: без царински сојуз и надвор од единствениот пазар, бариерите пред трговијата со стоки и услуги се неизбежни. Дојде време да се направи избор, рече Барние.
Еврокомесарот побара Велика Британија да се изјасни за својата позиција за идните односи со Унијата.
Британскиот министер за Брегзит Дејвид Дејвис изрази увереност, дека договор за преодниот период може да биде постигнат до самитот на ЕУ во март.
Велика Британија ќе ја напушти царинската унија на ЕУ по Брегзит, но во преговорите со Брисел ќе се стреми кон склучување на договор за слободна трговија, посочи Дејвис.
- Сакаме сеопфатен договор за слободна трговија, истакна тој.
Ново на Сител
-

Без струја поради зафати на мрежата корисниците на неколку улици во Илинден, Чучер Сандево, Бутел и Карпош
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
