ЕУ ја казни Грција со 10 милиони евра за неправилно управување со опасни отпадоци
Грција ќе треба да плати најмалку 10 милиони евра заради неправилно управување со опасни отпадоци, утврди денеска Судот на Европската Унија, цитиран од ДПА.
Ова не е првпат Атина да биде на тапет заради лошо стопанисување со отпадот.
Во 2009 година истиот суд одлучи дека Грција треба да воведе систем за управување со опасни отпадоци, чие разградување одзема дополнителен период и често пати тие можат да бидат канцерогени.
Во 2014 година Европската комисија ја повика грчката Влада да посвети внимание на неуспешното реализирање на барањата во определениот период и ги повика судиите во Луксембург да определат казна.
Освен казната од 10 милиони евра, Атина сега ќе треба да плаќа и по 30.000 евра дневно, сметано од денеска, се додека не ја исполни судската одлука од 2009 година.
Шест години по утврдувањето на состојбата, меѓутоа, Грција се уште не ја почнала изградбата на неколку неопходни инсталации и трите депоа, потребни за чување на опасните отпадоци, забележа судот.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден