ЕУ ја испраќа целата кинеска помош во Италија

Целата помош што ЕУ ја доби од Кина, вклучувајќи маски и тестови, ќе и биде доставена на Италија, бидејќи е најтешко погодена од епидемијата со коронавирусот.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејн претходно оваа недела изјави дека премиерот на Кина, Ли Кечијанг во телефонски разговор ветил поддршка на ЕУ во борба со КОВИД-19.
„Кина не заборави дека во јануари доби помош од ЕУ“, напиша фон дер Лејн на Твитер , „Денес ние сме во центарот на пандемијата и потребна ни е заштитна опрема“ додаде фон дер Лејн.
Претходно оваа недела, кинеската амбасада во Брисел, во писмо до комесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич, и понуди на ЕУ 50.000 комплети за тестирање, 200.000 маски Н95 и два милиони хируршки маски.
Кинеската помош е насочена кон Центарот за координација во итни случаи, што е одговорен за дистрибуција на опремата.
Истиот извор додава дека Италија е членка на ЕУ што е најпогодена од коронавирусот и има итна потреба да го сопре ширењето и што е можно побрзо да одговори на проблемот со преоптовареноста на здравствениот систем.
Пекинг минатата недела испрати помош директно во Италија, испрати и лекари да помогнат и да го поделат искуството од борбата со коронавирусот со италијанските колеги.
Кина испрати опрема и на другите ЕУ членки, Шпанија, Франција, Полска и Германија. Помошта пристигна откако ЕУ претходно и помогна на Кина во борба со коронавирусот.
Бројот на починати лица од коронавирусот во Италија го надмина и бројот на починати во Кина.
Ново на Сител
-

Ја однел сопругата во шума, ја врзал за дрво и ја тепал со тврд предмет, уапсен 27-годишен скопјанец
-

Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во „Пулс“ од инспектор за противпожарна заштита
-

Српски медиуми: Вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4 отсто е индикатор дека состојбата е стабилизирана
-

Тошковски: Организираниот криминал во затворите не е изолиран проблем - потребен е заеднички и координиран одговор
-

Николоски: Ветивме дека Градскиот воз ќе почне на 1 септември и така се случи
-

Јаневска: Училиштата да ги следат протоколите за постапување кога температурите се превисоки
-

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација
