ЕУ: Изборниот процес во Албанија беше мирен и регуларен

Во првата реакција околу неделните парламентарни избори во Албанија, ЕУ оцени дека тие биле „мирни и регуларни“ и оти биле почитувани основните слободи.
Како што јави дописникот на МИА, во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, се наведува дека изборите биле регуларни, при што се дава сигнал дека Албанија ќе добие подршка за реформите.
- Изборниот процес беше мирен и регуларен. Испочитувани се основните слободи. По изборниот процес ќе ги подржиме реформите, стои во заедничката изјава на Могерини и Хан во врска со изборите во Албанија.
Претходно и амбасадата на САД ги оцени изборите како мирни.
Според Амбасадата гласањето „било спроведено ефикасно, на мирен начин, во најголемиот дел на избирачките места“.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
