ЕУ: Изборите придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси

Локалните избори на 15 октомври се одржаа во амбиент во кој преовладуваше натпреварувачки дух, а мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во прелиминарните наоди и заклучоци оцени дека придонесоа за зајакнување на довербата во демократските процеси во земјата, соопшти денеска Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Се посочува дека според наодите на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори, биле почитувани основните права на собирање и изразување, а се регистрирани и некои веродстојни тврдења за нерегуларности во предизборниот период.
- Властите треба ефикасно да ги спроведат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а Европската унија е подготвена да помогне во тој процес. Земјата се подготвува за вториот круг од изборите на 29-ти октомври и сите политички чинители треба да се однесуваат одговорно, а надлежните институции да обезбедат услови за кредибилен и транспарентен изборен процес. Европската унија ги охрабрува новоизбраните членови на локалните власти да придонесат за напредок во европската реформска агенда. Европската унија ќе продолжи да ја поддржува земјата во рефомскиот процес и на нејзиниот пат кон евроинтеграција, стои во соопштението од Делегацијата на ЕУ во Скопје.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
