Свет
18. September 2015 - 9:40

ЕУ и вети на Еритреjа 200 милиони евра за помош со емигрантската криза

ЕУ вети да и додели 200 милиони евра на Еритреjа, за да и помогне да се бори со причините на масовната емиграција со земјата, јави ДПА.

Многу од Еритрејците кои што ја напуштаат земјата заминуваат кон Европа.

Еритреjа ќе ги добие тие средства од фондот 1,8 милијарди евра создаден за стабилизирање на земјите од Африка кои станале извор на илегална емиграција, изјави во Најроби еврокомесарот за Меѓународна соработка, Невен Мимица.

- Еритреjа е една од земјите кои се најголем извор на емигранти и бегалци. Причините за бегалскиот поток се економски. Сакаме да се обидеме да му помогнеме на народот на Еритреја преку буџетска помош.