ЕУ и ОН реагираа на одлуката на Трамп за повлекување на САД од Париската спогодба за климата

Европската комисија вети дека ќе го продолжи „глобалното лидерство во борбата против климатските промени“, откако САД објавија дека ја напуштаат Париската спогодба за намалување на емисијата на штетни гасови, кои го предизвикуваат ефектот стаклена градина.
- Париската спогодба ќе опстане. Светот може да продолжи да смета на Европа кога е во прашање глобалното лидерство во борбата против климатските промени. ЕУ длабоко жали поради едностраната одлука на администрацијата на Трамп, се наведува во соопштението на еврокомесарот за климата и енергетиката, Мигер Аријас Канете.
Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик соопшти дека одлуката на САД да се повлечат од Париската спогодба претставува „големо разочарување за глобалните напори за намалување на емисијата на штетни гасови и за промовирање на глобалната безбедност“.
Тој нагласи дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш „останува убеден дека градовите, државите и компаниите во САД, заедно со другите земји ќе продолжат ја искажуваат визијата и лидерството, работејќи на флексибилен стопански раст со мала емисија на јаглероден диоксид, кои ќе создадат квалитетни работни места и пазар за просперитет на 21. век“.
Дижарик изјви дека е клучно САД да останат лидери по прашањто за заштита на животната средина и оти Гутереш “се радува на ангажирањето заедно со американската Влада на изградба на одржлива иднина, од која зависат нашите внуци“.
Ново на Сител
-

Автобус удрил во девојче кај скопско Ново Село, сообраќајот отежнат
-

Четири лица осомничени за трговија со дрога и хашиш во гевгелиско, предложен притвор
-

Граѓанска иницијатива ,,Стоп за Усје" најави марш оваа Сабота пред Влада поради загадениот воздух
-

Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
