ЕУ и Канада потпишаа билатерален трговски договор
Европската унија и Канада го потпишаа денеска трговскиот договор CETA на церемонија во Брисел.

Договорот од европска страна го потпишаа претседателот на ЕС, Доналд Туск на Советот на ЕУ, Роберт Фицо и на ЕК, Жан Клод Јункер. Во декември се очекува документот да биде ратификуван од Европскиот парламент со што ќе почне и негова првична примена.
Потоа во рок од две години треба да биде ратификуван од 28-те национални парламенти во ЕУ.
Потпишувањето првично закажано за во четвртокот беше одложено бидејќи регионот Валонија во Белгија се спротиставуваше во обид да одбрани свои локални интереси.
СЕТА предвидува укинување на царинските тарифи за речиси сите производи. Исклучок се некои земјоделски производи, и увоз на говедско и свинско месо од Канада во ЕУ. Според западни медиуми, договорот заедно со придружните елементи изгледа однадвор како книга дебела половина метар.
Ново на Сител
-

1,4 милиони евра за обнова на Исарот во Штип
-

Струмица ќе инвестира 30 милиони денари во нов озонатор за фабриката за вода
-

Иран им се заканува на земјите што ја поддржуваат „економската војна“ на САД
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Џелал Незири, политички аналитичар
-

Петти смртен случај од западнонилска треска во Македонија
-

Активни најмалку 11 пожари, најкритично кај струмичките села Баница и Водоча
-

Најголемиот дел од опозициските партии прифаќаат предвремени парламентарни избори
