ЕУ и исплати три милијарди евра на Украина
Европската Унија денеска и исплати три милијарди евра на Украина, како прва транша од уделот на ЕУ во заемот договорен во рамки на Г7.
Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, овие средства ќе и дадат финансиска моќ на Украина да продолжи да се бори за својата слобода и да надвладее.
-Речиси три години од руската агресивна војна, Украина може да продолжи да смета на своите пријатели и партнери, додаде Фон дер Лајен.
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, пак, оцени дека Русија мора да ја плати цената за војната во Украина што таа ја започна.
-Денеска Украина ќе добие три милијарди евра од нашиот заем од Г7, кои ќе бидат исплатени од средствата од руските замрзнати активи, нагласи Калас.
Според неа, овие средства ќе претставуваат поддршка за економијата на Украина и ќе и овозможат на земјата дел од своите пари да намени за одбраната.
Ново на Сител
-
МВР: Зајакнати мерки за непрописно паркирани возила во централно градско подрачје
-
Зеленски: Русите се обидуваат да ги искористат воздушните напади како параван за копнени напади
-
Мисијата КФОР е проширена со војници од Белгија, Луксембург и Холандија
-
Трамп: Подготвеноста на Русија да не ја освои целосно Украина е „многу голема отстапка“ од Москва
-
За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници
-
Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава
-
Променливо облачно со дожд и грмежи
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена