-->
-->
ЕУ, ОН и АУ формираат експертска група за помош на мигрантите
-->
Европската унија, Африканската унија и Обединетите нации најавија формирање на специјална експертска група, чија задача ќе биде заштита на мигрантите кои доаѓаат од земји погодени од воени конфликти.
Овие три организации ќе работат да ги заштитат мигрантите при нивното движење кон Европа, пред се на опасната рута низ Африка до Либија. Дел од планот е и да се забрза процесот на доброволно враќање на мигрантите и одбиените баратели на азил во нивните родни земји или да се обезбедат нови домови за нив.
За време на средбата во нигерискиот град Абиџан, претседателот Мухамаду Бухари изјави дека сите Нигеријци кои се нашле блокирани во Либија на нивниот пат кон европските земји, ќе бидат примени назад во матичната земја и ќе им биде укажана помош.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави