ЕУ ги повика сириските власти да го продолжат прекинот на огнот во Алепо
ЕУ ги повикаува сириските власти и нивните сојузници да ја продолжат „хуманитарната пауза“ во Алепо, посочија високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и европскиот комесар за хуманитарна помош Христос Стилијанидис.
- Ги повикуваме сириските власти и нивните сојузници да продолжат со „хуманитарната пауза“ во Алепо и да дозволат пристап на здружениот организациски конвој, како што беше предвидено во октомврискиот план на ОН за пружање на помош, се вели во заедничката изјава на Могерини и Стилијанидис.
Како што јави ТАСС, тие уште додаваат и дека земјите треба да покажат трајна ангажираност со спроведувањето на хуманитарна операција за помош на сириското население и за обезбедување непречен пристап и достапност до теренот за хуманитарните конвои.
- Сите страни во конфликтот треба да прекинат со стрелбите во урбаните делови и реоните околу болниците на Алепо. Намерните напади кон обични граѓани, вклучително и хуманитарни и медицински работници, како и цивилни и медицински објекти се експлицитно кршење на меѓународното право и, сами по себе, можно е да претставуваат воени злосторства. Не постои воено решение за сириската граѓанска војна, нагласуваат Могерини и Стилијанидис.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска