ЕУ без согласност за проширувањето кон Западен Балкан
Европските министери за надворешни работи денеска во Софија не успеаја да се усогласат за предлогот на Еврокомисјата за проширување на Унијата кон Западен Балкан.
На форум во Бугарија, министрите од Европската унија разговараа за првпат за планот на Европската комисија која објави датум - 2025 година како цел за приклуување на Србија и Црна Гора во ЕУ.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто е „многу разочаран“ со таргетот, нагласувајќи дека првите две држави од Западен Балкан треба да бидат примени во ЕУ во 2022 година.
Полска, Австрија и Италија се иста така меѓу оние кои фаворизираат забрзување на напорите за отворање на ЕУ за Западен Балкан.
- Кој ќе биде прв во Белград - Кина или ЕУ? Тоа треба да го разјасниме, бидејќи се работи за наши соседи, изјави австриската министерка за надворешни работи Карин Кнеисл.
Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец смета дека 2025 „не е реален датум“, туку дека на тие држави им е потребно многу повеќе време за исполнување на критериумите за влез во ЕУ.
Внимателен беше и францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дријан. - Јасно е дека постојат услови кои се бараат од нив да ги исполнат, изјави тој.
Ново на Сител
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата
-
Зеленски четири пати им се заблагодари на Трамп и на САД
-
Макрон по прекинатиот разговор Трамп-Зеленски: Има агресор, а тоа е Русија
-
Белата куќа: Договорот за минерали меѓу САД и Украина не е потпишан
-
Трамп до Зеленски: Ризикувате да започнете Трета светска војна
-
Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
-
Трамп го прогласува англискиот за службен јазик во САД
-
Физички нападнат 23-годишник од Илинден пред ноќен клуб