-->
-->
„Етнос“: Млеко од увоз се продава во Грција како грчко
-->

Млекопроизводителите во Грција се почесто увезуваат млеко од балканските земји или од Источна Европа, кое потоа го продаваат како да е грчко, тврди атинскиот весник „Етнос“.
Според весникот, грчките производителите купуваат млеко од странство по пониски цени отколку што тоа чини во земјата и потоа им го нудат на куппувачите во Грција како грчки производ, остварувајќи притоа големи заработки во ценовната разлика.
Ваквиот масовен и неконтролиран увоз на млеко во Грција се должи на непостоењето на систем во земјата, кој би ја контролирал набавката на овој производ од странство.
- Во Грција и „море од млеко“ увезено од Балканот и Источна Европа. Само од Романија лани во Грција се увезени над 300.000 тони млеко, наведува весникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
-

Кос го подготвува нонпејперот за полесно проширување на ЕУ, во Македонија и регионот нема многу оптимизам дека ќе помогне
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-

Обвинение за 23 полицајци
-

Судијата Садула Изаири е новиот член Судскиот совет
-

Предлог Законот за минимална плата од 600 евра стигна во Собранието
-

ЕК не гарантира кога ќе се надмине проблемот на камионџиите, Мицкоски очекува решение во февруари
