Естонија привремено ја затвора североисточната граница со Русија

Естонија викендов привремено ќе го затвори својот контролен пункт со Русија во Нарва, јави ДПА.
Полицијата и граничните служби се залагаат за затворање на граничниот премин со образложение дека граничните проверки на руска страна значително се одложуваат.
Поради тоа, луѓето кои сакаа да ја поминат границата мораа да чекаат со часови завчера и вчера за да бидат пропуштени.
Останатите контролни пунктови нема да бидат затворени, а влезот во Естонија од Русија ќе остане можен, јави ДПА.
Според естонските власти, пред некој ден на граничниот премин Нарва-Ивангород за прв пат се формирале долги редици. Снимките на интернет покажаа стотици луѓе, некои со багаж, кои чекаат на границата. Градската управа на Нарва постави мобилни тоалети и организираше дистрибуција на вода за оние кои чекаат.
Естонскиот министер за внатрешни работи Лаури Ланеметс изјави дека нема информации зошто руските граничари работат толку бавно.
Ново на Сител
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Највисоката плата лани: 190.000 евра бруто месечно
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
