ЕСПН: Барса бара нов тренер, Покетино, Куман и Чави меѓу кандидатите
Барселона планира да назначи нов тренер, објави денес „ЕСПН“. Раководството на каталонскиот клуб смета дека Кике Сетиен не можел да ги придобие играчите поради фактот што тој не постигнал значителен успех ниту во својата играчка, ниту во неговата тренерска кариера.
Затоа, „Блауграна“ сака да назначи тренер со име што фудбалерите би го почитувале. Еден таков е селекторот на Холандија, Роналд Коман,кој сè уште се смета за кандидат за Барселона, и покрај тоа што претходно го одби клубот.
Тука е и тренерот на Ал-Сада, Чави, но неговото назначување во моментот е малку веројатно поради јануарско одбивање да стане предводник на каталонската гордост.
Друг кандидат е екс тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино. Сепак, неговото назначување може да биде попречено од неговото тренерско искуство во градскиот ривал Еспањол и критикување на Барселона во минатото.
Ново на Сител
-

Приведена жена од скопско која била агресивна кон нејзиниот сопруг
-

Од утре променливо облачно и нестабилно време со врнежи, пообилни во вторник и среда
-

Мерка притвор за лице кое во Штип полово вознемирувало 16-годишна девојка
-

Во Тирана одржан најмасовниот протест против "Зврнец", учествуваа 250 илјади демонстранти
-

Македонец ја убил Гркинката исчезната пред три седмици, телото го закопал во поле
-

Во вторник второ пријавување во јуни за упис во средните училишта, слободни над 11 000 места
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
