ЕСМ склучи договор со бугарската „Балкан Јутилитис“ за набавка на гас за февруари
„ЕСМ Продажба“ со бугарската компанија „Балкан Јутилитис“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата, информираат од компанијата.
Како што велат, на јавниот повик кој беше достапен за сите домашни и странски компании пристигнаа две понуди. Фирмата „Актаел“ понуди цена од 99,83 eвра за мегават час, а фирмата „Балкан Јутилитис“ понуди цена на природниот гас од 98,71 евра за мегават час.
-Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергентот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации кои би произлегле од цената на гасот на берзите во моментов, но во берзанската цена не се вкалкулирани сите споменати дополнителните трошоци кои произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа, велат од „ЕСМ Продажба“.
Со понудувачот кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, нагласуваат дека е склучен валиден деловен договор кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака.
-Со оваа набавка во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во земјава. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, порачуваат од „ЕСМ Продажба“ и најавуваат дека во текот на февруари ќе биде објавен нов јавен повик за набавка на природен гас за месец март 2023 година.
Ново на Сител
-
Силно невреме ја зафати Хрватска | ВИДЕО
-
Скопјани нападнале и ограбиле маж на Камени мост
-
52 годишен скопјанец со пиштол и нож ограбил продавница, при бегање паднал и завршил во болница
-
Кривична пријава за родители од Штип - Ги заклучиле децата во автомобил и отишле во казино
-
Полицаец и германски политичар избодени со нож сред плоштад во Мајнхајм, Германија | ВИДЕО
-
Пад од 1,2 проценти на индустриското производство во април
-
Поскапени поштенските и курирските услуги
-
Хоспитализирани нови четири лица со голема кашлица, вкупно 661 случај во државава