ЕСМ производство бара 20% поскапо парно
ЕСМ производство поднело барање до Регулаторната комисија за енергетика за зголемување на цената на парното греење во Скопје за 20%. Нивното барање доаѓа по она на ЕСМ дистрибуција кои побараа околу 13% поскапо парно.
И тука оправдувањето е зголемување на трошоците за набавка на гориво
Од ЕСМ нагласуваат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите.
Регулаторната комисија сега треба да одлучи дали ќе го одобри ова барање и каква ќе биде финалната одлука во однос на цената на парното греење.
На крајот од јули минатата година Регулаторот донесе одлука со која почнувајќи од августовските сметки ја намали цената на парното за 3,16%. Тогаш Бислимовски рече дека се наоѓаме во период на стабилизација на цените на енергенсите.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства.
Ново на Сител
-
Кампања „Преспа разбуди се“ за чиста средина
-
Панова: Измените на законот за работни односи во Собрание
-
Македонското земјоделство под влијание на климатски промени
-
Преглед на вестите од светот
-
Ѓорчев: Добра е стратегијата на македонската дипломатија на бугарската политика
-
Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Бугарија
-
Економијата во првиот квартал годинава пораснала за 3%
-
Синдикатите поделени околу спуштањето на прагот за репрезентативност од 10 на 5%