ЕСМ продава ноќни вишоци на аукција, цените ги формира побарувачката во конкретниот период
АД ЕСМ продава ноќни вишоци на електрична енергија по пат на јавна аукција и наддавање од заинтересираните купувачи. Како што информираат од компанијата, за периодот од 20 до 26 август годинава продадени се 1750 мегават часови електрична енергија по цена од 303 евра за мегават час.
Понуди, посочуваат, дале четири понудувачи, и нивните последни понуди на крајот на наддавањето биле:140, 266, 293 и 303 евра за мегават час.
– Избрана е највисоката понуда која е добиена. Со оглед на цените кои се добиени од повеќе понудувачи, јасно се гледа дека постигната цена е таа која е реална за предметните шест дена, велат од ЕСМ.
Нагласуваат дека на нивните аукции за ноќни вишоци енергија од 2:00 до 7:00 часот може да се пријави да купи секој субјект кој е на слободниот пазар: трговци, стопански субјекти, државни институции итн., доколку имаат потреба од електрична енергија во тие часови.
Во однос на изјавите и споредбите на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од ЕСМ порачуваат дека не вршат продажба на енергија на HUPEX, туку продаваат во земјата.
– Сите трошоци понатаму доколку таа енергија се носи надвор, ги сноси купувачот, како што се закуп на прекугранични капацитети и други издадоци на берзанското тргување, кои ја покачуваат крајната цена на берзата, појаснуваат од АД ЕСМ.
Од компанијата наведуваат дека кога веќе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сака да говори на темата купување и продавање електрична енергија, повторно потсетуваат дека Мицкоски е тој кој во неговиот мандат во АД ЕСМ „купуваше електрична енергија по 250 евра за мегават час во време кога струјата се продаваше по 70 евра за мегават час“.
– Секој човек со барем малку лично достоинство ќе размисли пред да влегува во вакви извртувања на фактите како денешното, и лажно претставување на податоци во услови на глобална енергетска криза, додека за своите постапки кога немало криза-никогаш не дал одговор, порачуваат од АД ЕСМ.
Ново на Сител
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство
-
Рокас: Политичките сили да се обединат за донесување на уставните измени
-
Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
-
Македонија и Бугарија се договорија за железницата - ќе се ревидира проектот и цената за изградба
-
Обвинителството ќе ги проверува сертификатите на директорот на АНБ