ЕСМ: Макпетрол имаше повисока цена за природен гас во споредба со другиот понудувач во моментот на носење на одлуката за избор
До 31.2.2022г на сите повици на ЕСМ Продажба и Енергетика за набавка на природен гас пристигнуваше единствено понуда од Макпетрол и истата се прифаќаше без оглед дали понудената цена беше повисока од тековните цени на берзата.
Со потпишување на Договорот меѓу Р. Северна Македонија и Р.Бугарија се отвори можност и други снабдувачи со природен гас да поднесат понуди.
Во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари 2023г, во постапката спроведена од страна на ЕСМ Продажба, цената понудена од Балкан Јутилитис од 115,97е/MWh беше пониска од цената понудена од Макпетрол од 116,20e/MWh. Во тој момент цената на берзата изнесуваше 137 e/MWh.
Доколку Макпетрол како голем трговец и снабдувач на пазарот имаше сознанија за корективни движења надолу на берзанската цената на гасот, ќе беше позитивно да понуди пониска фиксна цена согласно пазарните предвидувања на компанијата, со оглед на тоа што во јавниот повик беше јасно наведено дека услов за разгледување на понудите е понудена фиксна цена.
ЕСМ Продажба во следните денови ќе спроведе јавен повик и постапка за набавка на природен гас за февруари 2023г, на кој го повикуваме и Макпетрол и другите лиценцирани снабдувачи и трговци со гас да достават понуди со што пониска фиксна цена.
АД Електрани на Северна Македонија
Ново на Сител
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе
-
Грузија донесе закон за семејни вредности и против промоција на хомосексуалните односи
-
Формиран Совет за управување со јавни финансии
-
Во сообраќајна несреќа во Тетово животот го загуби 61-годишен пешак
-
АХВ изрече мерка за дезинфекција во мензата во Воената академија - Утврдени причините за труењето
-
Владата одржа седница, донесени повеќе одлуки
-
Левица: Кривична пријава за Гаши поради Предлог-законот за бранители
-
Кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука