ЕСМ: Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј вратени на мрежа, следната недела санација на Блок 2

Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија. Блоковите беа подложени на краткотрајни санации по воочени слабости во текот на производниот процес од страна на стручните служби и беа навремено отстранети, информираат од АД ЕСМ.
Со тоа, како што велат, ЕСМ повторно работи со полн капацитет и во моментот на мрежа се трите блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана КОГЕЛ во Енергетика, ветерниот парк Богданци, како и хидроелектраните, пред сè, за давање системски и балансни услуги.
-Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела од функција ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена, најавуваат од ЕСМ.
Во текот на вчерашниот ден АД ЕСМ произведе 21.178 мегават часови електрична енергија.
Ново на Сител
-

Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не и за отстапување територија
-

Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации
-

Приведен 42-годишен битолчанец, управувал возило со 2,99 промили алкохол во крвта
-

За разликите меѓу ковид и настинката
-

„Лукоил“ најави продажба на своите меѓународни подружници поради санкциите
-

Кавадарци: Со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради имот
-

Јапонија и САД потпишаа договор за ретки минерали
-

Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар
