Есенско садење дрвја во Аеродром
Четириесет и пет садници од видот даб, сорбус, див костен и каталпа, беа засадени денеска во новоподигнатата зелена површина на булеварот „Трета македонска бригада“, како дел од акцијата за садење 600 високо култивизирани садници на автохтони видови.
Во акцијата за садење на новите садници учествуваа и градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Петре Шилегов и Златко Марин, како и директорите на јавните претпријатија.
Акцијата продолжува и следната недела со садење дрвја на повеќе локации, поточно на ул. „Мите Богоевски“ во населба Лисиче, како и на раскрсницата на булеварите „Србија“ со „Видое Смилевски Бато“ и паркот на булевар „АСНОМ“.
Целта на оваа акција, како што посочуваат од општината, е да се збогати зеленилото во Општина Аеродром.
Оттаму потенцираат дека во следните четири години една од главните заложби на локалната самоуправа ќе биде зголемување и грижа за зелените површини во општината, за што се алоцирани и значителни средства од буџетот.
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
