Есенска дератизација во Куманово
Во наредните три дена ќе се спроведе есенската дератизација против глувци на подрачјето на општина Куманово, информираат надлежните од Секторот за инспекциски надзор.
Третманот ќе се изврши со поставување мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациска мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферската вода. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок.
- Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат. Ако временските услови дозволат дератизацијата ќе трае три дена, изјави комуналниот редар Гордан Таневски.
Со дератизацијата, додаде, се очекува да бидат опфатени приближно 2.000 шахти.
Претходно дератизација беше извршена во април и мај
Ново на Сител
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
-

Преглед на вестите од светот
-

Македонските транспортери на протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје
-

Утре стартува новата учебна година со над 400 паралелки помалку и 3000 помалку првачиња
-

Сточарите со ултиматум: Итно решение за овчата сипаница
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
