-->
-->
„Ерсте банк“: Романија може да има најголем економски раст во Централна и Источна Европа
-->

Романија може да биде економијата со најголемо темпо на раст во Централна и Источна Европа, благодарение на мерките за даночни олеснувања и перспективите за затегнување на монетарната политика, се наведува во извештај на „Ерсте банк“.
Економскиот раст во Централна и Источна Европа се издвојува од тој во државите со забрзан пораст, како Бразил, Русија, Индија и Кина, како и од оние европски економии, за кои се очекува зголемување од 3,1 отсто за оваа година, што е речиси двојно повеќе од просекот во еврозоната од 1,6 проценти, се вели во извештајот.
Романија може да има раст од 4,1 отсто оваа година, додека во Полска тој може да достигне 3,6 проценти, во Словенија, 3,5 отсто, во Чешка 2,5 проценти, а во Унгарија 2,2 отсто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рубио: САД секогаш ќе бидат дете на Европа, Мицкоски во Минхен оствари повеќе средби
-

Одбележување Св. Трифун и закројување на лозјата во винаријата „Монтеко“ во Кратово
-

Партиски обвинувања: Чија Влада доделувала поголеми субвенции?
-

Фотографии и обвинувања по најголемата заплена на марихуана
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
