Ерменија одби да биде домаќин на воена вежба на сојузот предводен од Русија
Ерменија одби да биде домаќин на воена вежба во 2023 година на сојузот предводен од Русија. Одбивањето е поради незадоволството на Ереван од страна Москва на важната рута за снабдување на енклавата Нагорно-Карабах.
Ерменија изминатиот период покажува зголемени знаци на нетрпеливост кон својот сојузник, Русија, која ја обвинува дека не одговара на провокациите на Азербејџан во однос на Нагорно-Карабах.
Ерменија мисли дека не е соодветно да се одржи вежба оваа година на Организацијата Договор за заедничка безбедност оваа година… Таа вежба нема да се одржи, изјави премиерот Никол Пашинјан.
Тој додаде дека ја известил воената алијанса предводена од Москва, во која членуваат неколку поранешни советски републики. Според Пашинијан Организацијата „не ги осудува дејствијата на Азербејџан“, а Русија не ја исполнила својата задача „гарант на ерменската безбедност“.
– Ерменија очекуваше специјални акции од руските и другите партнери во областа на безбедноста. Но, на Ереван му беше кажано дека границите на Ерменија и Азербејџан не се утврдени, истакна Пашинијан.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај