Ерменија ја поздрави одлуката на САД за признавање на геноцидот од страна на Османлиската империја
Ерменскиот премиер Никол Пашињан и министерот за надворешни работи Зохраб Мнацакањан ја поздравија одлуката на Претставничкиот дом на САД да го признае ерменскиот геноцид во Османлиската империја во 1915 година.
– Го поздравувам историското гласање на Конгресот на САД, кој го призна Геноцидот врз Ерменците. Резолуцијата 296 е смел чекор во служба на вистината и историската правда, која ќе им донесе утеха на милионите ерменски потомци, напиша Пашињан на Твитер.
Премиерот ги поздрави сонародниците и изрази „восхит“ кон ерменската дијаспора во САД, „чија посветеност и упорност биле движечката сила и инспирација за историското гласање“.
– Правдата и вистината беа одразени во историската резолуција 296 на Претставничкиот дом. Тоа е почит кон жртвите на геноцидот, напиша министерот за надворешни работи на Твитер. Тој изрази „длабока благодарност“ кон сите кои гласале за резолуцијата.
Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу претходно ја осуди одлуката на Претставничкиот дом на САД, со која се изгласа признавање на ерменскиот геноцид, нарекувајќи ја „срамна”.
Претставничкиот дом на САД синоќа изгласа признавање на геноцидот на народот на Ерменија од страна на Османлиската империја. Прес службата на Претставничкиот дом соопшти дека за одлуката гласале 405 конгресмени, а 11 биле против.
Според Чавушоглу, САД со оваа одлука се обидуваат да „се одмаздат“ за тоа што Турција се замеша во американските планови во Сирија, спроведувајќи ја својата операција „Извор на мирот“.
– Оние, чии проекти се разочарувачки, се вртат кон веќе остарени резолуции. Оние, кои веруваат дека на тој начин ќе се одмаздат, грешат. Оваа срамна одлука на оние кои историјата ја користат во политиката, не значи ништо за нашата влада и народ, напиша Чавушоглу на Твитер.
Ново на Сител
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат
-
Дали има етички пропуст на лекари за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце?
-
Преглед на вестите од светот