Ерменија и Азербејџан ќе ги обноват преговорите за Нагорно-Карабах
Министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан денеска најави дека ќе се сретне со својот азербејџански колега Џејхун Бајрамов со цел да ги продолжат преговорите за решавање на конфликтот во регионот Нагорно-Карабах.
– Планирани се преговори. Барем постигнавме договор за продолжување на процесот и организирање нова средба со азербејџанскиот министер за надворешни работи, истакна шефот на ерменската дипломатија.
Тој додаде дека прашањето за Нагорно-Карабах не може да се реши со сила, туку бара политичко решение преку преговори во рамки на Минск групата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
– Ерменија смета дека употребата на сила не може да биде основа за решавање на судирот во Нагорно-Карабах. Тоа треба да се реши преку мирни преговори на Минск групата на ОБСЕ, заклучи ерменскиот министер.
Ново на Сител
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава