-->
-->
Ерменците демантираат „местенка“ со Албанија
-->
Репрезентативците на Ерменија ги отфрлија обвинувањата на претседателот на Фудбалската федерација, Рубен Хајрапетјан, дека го наместиле квалификацискиот натпревар против Албанија во Ереван (0:3).
Албанските медиуми, по мечот кој се одигра на 11.октомври, пишуваа дека тројца играчи од одбраната и голманот, поделиле сума од два милиони евра, како би и помогнале на Албанија да се пласира на Европското првенство.
Минатата недела првиот човек на Фудбалската федерација на Ерменија на прес конференција, го обвини фудбалерите дека не сакале да играат, нарекувајќи го предавници.
„И да го имавме најдобриот селектор во светот повоторно ќе загубевме“, рекол Хајрапетјан.
Сепак, осуммина клучни играчи на репрезентацијата, на чело со најголемата ѕвезда, Хенрик Мхитаријан, ги демантираа тврдењата Хајрапетјан, контроверзен бизнисмен, против кого неодамна протестираа навивачите барајќи негова оставка.
„Гласините и шпекулациите во врска со натпреварот против Албанија се невистините. Во целост му веруваме на секој соиграч од националниот тим, а обидот да се најдат предавници нема да донесе ништо добро. Веруваме дека сите репрезентативци го делат нашето мислење. Секогаш игравме за доброто на репрезентацијата, понекогаш ставајќи го на коцка и сопственото здравје, а често и клупските кариери“, се наведува во писмото, во кое се бара и оставка од претседателот Хајрапетјан.
Инаку, по протестите на навивачката група „Прв ерменски фронт“, претседателот имал средба со втората најбројна навивачка група „Црвени орли“.
„Никогаш не сум рекол дека натпреварот е наместен, туку дека во националниот тим се случи предавство. Не можам да кажам дека мечот со Албанија беше наместен, но ќе сторам се да го решам овој проблем“, рекол Хајрапетјан најавувајќи состанок со репрезентативците на почетокот на наредната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сопствениците на диви депонии во Вардариште седнаа на обвинителна клупа
-
Ветувања од власта: Поширок булевар во Чаир, чист Центар, стипендии за повредените во Кочани
-
Шукова ќе го воведе БРТ системот за поефикасен градски јавен превоз
-
Петти ден кампања во албанскиот политички блок
-
Предизборни активности на помалите партии
-
Кампања за локални избори 5. Ден: Каков градоначалник сакаат скопјани?
-
Милионски долг предизвика кавга меѓу директорот на ЈСП и приватните превозници
-
Клековски: Ако не реагираме сега, Македонија ќе се соочи со сериозен недостиг на матични лекари за 10-15 години