Ерјавец: Стабилноста на Западен Балкан е значајна и поради трговската размена

Стабилноста на Западен Балкан е од голема важност за Словенија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец, предупредувајќи не само на политичките врски, туку и на големиот обем на трговска размена меѓу словенечките претпријатија со државите во тоа опкружување.
Тој истакна дека Словенија, како и ЕУ, се соочува со кризните предизвици во Украина, на Блискиот Исток, турбуленциите предизвикани со Брегзит, но за словенечката политика е посебно важно прашањето на регионална стабилност во најблиското соседство.
- Имаше период кога сметавме дека Балканот се движи во правец на поголема стабилност, но ситуацијата таму се влошува. Тоа за нас е исклучително важно прашање и од економска страна, бидејќи со тоа подрачје остваруваме пет милијарди евра размена. Секоја нестабилност може да влијае врз трговијата, нагласи Ерјавец.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
