Ерјавец: Хрватската полиција го крши суверенитетот на Словенија
Словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец изјави дека хрватската полиција, придружувајќи ги савудријските рибари, го прекршила словенечкиот суверенитет со влегување во водите на Пиранскиот залив, кој Арбитражниот суд и го додели на Словенија.
- Хрватската полиција го крши словенечкиот суверенитет. Недозволиво е странски државен орган, без дозвола, да спроведува одредени активности во нашето море, изјави Ерјавец за ПОП-ТВ.
Поради најавите од страна на Љубљана дека парично ќе ги казни хрватските рибари од Савудрија, кои традиционално ловат во заливот, кога ќе влезат во подрачје за кое арбитрите пресудија во корист на Словенија, хрватската полиција ги придружуваше рибарите до средина на заливот.
Љубљана смета дека тоа е инцидент и најверојатно се подготвува за тужба против Хрватска пред судот во ЕУ, наведува хрватската новинска агенција ХИНА.
- На тој начин ќе се обиде да докаже дека Хрватска не го почитува европското и меѓународното право, ниту арбитражната пресуда, рече Ерјавец и додаде дека Љубљана има „доволно материјал за тужба“.
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
