Ердоган: Вонредната состојба може да биде продолжена за уште три месеци
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека вонредната состојба во Турција, чиј рок истекува во јануари, би можела да биде продолжена за уште три месеци, јави ДПА.
Во согласност со надлежностите на властите во услови на вонредна состојба вовдена по обидот за преврат во јуни, во Турција од работа беа отпуштени околу 75.000 државни службеници и вработени во силите за безбедност, а 37.000 беа упасени.
Покрај ова уште стотици невладини организации и медиуми беа затворени.
Сите отпуштен и упасени и затворени медиуми и организации се осомничени за поврзаност со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кого Анкара го обвинува дека стои зад превратот.
Покрај, осомничените приврзаници на Ѓулен, меѓу кои и над 120 новинари, исто така беа упасени и десет пратеници од курдската Демократска партија на народите.
Тоа предизвика остра реакција од Европа, а Европскиот парламент усвои резолуција со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во ЕУ.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера изјави дека Анкара би можела „да ги отвори границите за мигрантите“ кои сакаат да заминат кон земјите членки на ЕУ, како одговор на резолуцијата на Европскиот парламент со која се бара замрзнување на преговорите за членство на Турција во Унијата.
- Можеби ќе биде продолжена за уште три месеци, Што ве засега вас тоа, нагласи Ердоган во коментарот за вонредната состојба наменет за ЕУ.
Ново на Сител
-
Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција
-
Сончево и многу топло време цела седмица
-
Силен земјотрес регистриран во западниот дел од Турција
-
Нетанјаху: Целта на Израел не е да ја окупира Газа, туку да ја ослободи од Хамас
-
Четири пациенти со тешки повреди примени на хируршките клиники во Скопје, по вооружена пресметка во Тетово
-
Вeнс: Се одредува датумот на средбата меѓу Путин и Зеленски за завршување на војната
-
Едно лице е убиено во напад со автоматска пушка во Тетово
-
Началникот од Демир Хисар ќе биде разрешен