Ердоган: „Турски поток“ ќе биде финансиран 50:50 од Турција и Русија
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција и Русија постигнале договор за заедничко финансирање на изградбата на гасоводот „Турски поток", според моделот 50:50.
Како што јави ТАСС, на средбата на Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург во втроникот е договорено да се возобнови работата на проектот.
Со тој преддоговор е предвидено и создавање на работна група и изработка на мапи.
Турскиот амбасадор во Москва, Умит Јардам во исто време најави дека преговорите за проектот „Турски поток“ ќе продолжат „со нов сили во текот на претстојните недели“.
- Решивме активно да ги интензивираме контактите во врска со „Турскиот поток“. Двете земји имаат различен поглед кон проектот, за што ги почнавме преговорите уште пред кризта, изјави Јардим.
Според планот, од Русија до територијата на Турција гасоводот ќе минува по дното на Црното Море. Доколу преговорите завршат успешно, првата делница од гасоводот би можела да биде изградена веќе во декември 2019 година.
Ново на Сител
-
Предизборен карван на ВМРО-ДПМНЕ во Крушево
-
Предизборен карван на СДСМ во Тетово
-
Тема на денот со Дарко Костовски, кандидат за градоналачник на Бутел(ВМРО-ДПМНЕ)
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски повика на обединување на општеството, борба против криминалот и судство еднакво за сите
-
Филипче на средба со Сојузот на борците по повод 11 Октомври
-
Доделена наградата „11 Октомври“ за животно дело
-
Нов директор на неврологија во понеделник - Лекарската комора ќе го разгледува случајот со д-р Кузмановски