Ердоган: Турската економија е под „терористички“ напад

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека економијата на земјата се наоѓа под „терористички“ напад сличен на големиот број атаци од последните месеци.
Тој ги повика граѓаните да продолжат да ги продаваат доларите и еврата кои ги имаат за да им се спротиставаат на заканата.
Во Турција минатата година беа изведени над 30 големи терористички напади, првенствено од курдски борци и членови на Исламска држава. Нарушената безбедност комбинирана со политичката нестабилност, чија кулминација беше обидот за воен удар во јули, се одрази врз економијата. Турската лира оваа недела е на рекордно ниско ниво во однос на доларот.
- Нема разлика, што се однесува на целите, меѓу терорист со пиштол или бомба во рака и терорист кој има долари, евра и каматни проценти, наведе Ердоган.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Тетово, најстудено на Попова Шапка
-

Сеул: Северна Кореја лансираше ракети кон морето
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
