Ердоган: Турција ќе ги прекине односите со Израел ако Ерусалим биде признат за израелски глаевн град

Евентуалното признавање на Ерусалим за израелски главен град од страна на САД, може да доведе до прекин на односите меѓу Турција и Израел, најави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Ќе ја водиме таа битка решително и до крај. Тоа може да доведе до прекин на нашите дипломатски односи со Израел, изјави Ердоган, додавајќи дека статусот на Ерусалим е „црвена линија за муслиманите“.
Портпаролот на турската Влада, Бекир Боздаг вчера изјави дека промената на „историскиот статус“ на Ерусалим би предизвикала „голема катастрофа“ и би „означила крај на мировниот процес“ на Блискиот Исток.
- Таквата одлука на американската Администрација би го отворила патот кон нови конфликти, нови спорови, дополнителна нестабилност на регионот и кон непредвиливи случувања, порача Боздаг.
Минатата недела Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го пресели седиштето на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, што практично би значело негово признавање за израелски главен град.
Зетот и близок советник на Трамп, Џаред Кушнер, во неделата изјави дека американскиот преседател се уште не донел одлука за премествање на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим, по што синоќа Белата куќа информира дека засега се одлага донесувањето на ваквото решение.
Претставникот на Белата куќа, Хоган Гидли, наведе дека донесувањето на одлуката е одложено. - Претседателот беше јасен во однос на таа тема од самиот почеток: прашањето не е дали, туку кога, истакна Гидли, додавајќи дека одлуката ќе биде донесена во скоро време.
Во 1995 година Конгресот на САД усвои закон за преместување на Амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим. Оттогаш американските претседатели на секои шест месеци потпишуваат наредба за одлагање на извршувањето на таа одлука.
Ново на Сител
-

Ја скинале сајлата и се скриле меѓу кутиите: Тројца мигранти од Судан пронајдени во камион во Скопје
-

Мета затвори над 750.000 профили во Австралија по забраната за пристап до социјалните медиуми за лица под 16 години
-

Андоновски: Македонија со скок од 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност
-

Чибишев: Ако водата во Скопје имаше ешерихија коли, ќе имавме над 50.000 пациенти
-

Слободни над 8800 места за бруцоши на УКИМ, првиот рок за пријавување кандидати на 18 и 19 август
-

МВР трага по оние кои ширеле паника дека скопската вода е загадена со ешерихија коли
-

Исчезната малолетна девојка од Охрид, семејството бара помош
-

Пасоши првпат во летниот период се издаваат без застој, термин за се добива за ден-два, а документи за најмногу до седум
