Ердоган: Со Трамп очекувам напредок во турско-американските односи
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави оти верува дека турскиот дијалог со САД ќе напредува по стапувањето на должност на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека двете земји ќе постигнат консензус за регионалните прашања.
- Верувам дека ќе го забрзаме дијалогот кога Трамп ќе ја преземе должноста. Верувам дека ќе постигнеме консензус со Трамп, особено во врска со регионалните теми и дека ќе постигнеме брз напредок, истакна Ердоган пред турските амбасадори на конференцијата во Анкара.
Турција бара од САД да го екстрадираат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за преврат во јули минатата година. Актуелната администрација во Вашингтон го одби ваквото барање со образложение дека не добила недвосмислени докази за вмешаност на Ѓулен во превратот.
Исто така, двете земји кои се сојузници во НАТО имаат несогласувања во врска со американската поддршка на милитантната група на сириските Курди, Сили за заштита на народот, кои Анкара ги смета за терористичка организација поврзана со Курдската работничка партија (ПКК).
Ново на Сител
-
Протест во Атина за железничката несреќа - хартиени фенери во спомен на загинатите
-
Здраво слабеење преку факти - Едно тело, илјада избори | Александар Дренковски | Sitel Podcast 084
-
Мерц најави договор за собирање стотици милијарди евра за одбрана на Германија
-
Предложени мерки на претпазливост против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово
-
ПМФЛ: Вардар го совлада Работнички, Шкендија поразена во Струга
-
Приведен 35 годишен скопјанец, агресивно се однесувал кон полициски службеници
-
Кривична против 58 годишник, измамил друго лице дека ќе му набави и достави стока со што го оштетил за 4.100 евра
-
33 годишник од Скопје, физички нападнал возач на ЈСП додека управувал со автобусот