Свет
30. July 2016 - 14:24

Ердоган шокираше: Ги повлекува тужбите

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ќе ги повлече сите судски тужби кои ги има поднесено за навреда на неговата личност.
 
- Ќе простам и ќе ги повлечам сите тужби за многу случаи во кои сум бил навредуван и непочитуван, истакна Ердоган во синоќешниот говор во Анкара на церемонијата организирана во спомен на загинатите и повредените лица во неуспешниот обид за воен удар на 15 јули.
 
Во изминатиот период турското Министерство за правда соопшти дека во земјата се заведени 1.845 судски дела за навреда на шефот на државата. Меѓу обвинетите се наоѓаат лидери на опозициски партии, како и луѓе кои објавувале коментари на социјалните мрежи.
 
Ердоган веќе има добиено неколку вакви дела во своја корист.