Ердоган се залага за воспоставување на „безбедносна зона“ во Сирија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека ги повика светските сили да воспостават „безбедносна зона“ во Сирија, со цел да ги заштитат луѓето во реоните каде нема борби и при тоа да помогнат во запирањето на бегалскиот бран.
Говорејќи на состанокот на лидерите на Г-20 во Кина, Ердоган изјави дека повикал на воспоставување на „зона на забранети летови“ во разговорите со лидерите на Русија и на САД.
Тој истакна дека турската офанзива во Сирија има за цел да ја елиминира Исламска држава од турската граница и да гарантира дека сириската курдска милиција Сили за заштита на народот нема да се распростани во таа зона.
За Турција ИД, како и Силите за заштита на народот, се терористички организации.
Претходно, Ердоган на маргините на Самитот на Г-20 се сретна со тројцата европски лидери, францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Матео Ренци.
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026 вечерва свечено ќе бидат отворени, Атанасовска и Јада македонски знаменосци
-

Да се вози внимателно, магла на повеќе патишта низ државата
-

Годишниот извештај за работата на ФЗО пред матичната собраниска комисија
-

Дел од центарот на Скопје денеска без вода
-

Цените на угостителските услуги за една година зголемени за 3,4 отсто
-

Отворање на новите простории на Институтот за трансфузиона медицина во Тетово
-

Во Кран-Монтана затворен хотел со пет ѕвезди поради проблеми со противпожарната безбедност
-

Трамп: Неопходен е нуклеарен договор, што ќе го замени Нов Старт
