Ердоган се сретна со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска во Сараево имаше средба со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ.
Ердоган беше пречекан пред зградата на Претседателството со највисоки воени почести. Медиумите пишуваат дека со аплауз го поздравиле неколку стотици граѓани. Тој во еднодневна официјална посета на Босна и Херцеговина стигна во придружба на повеќе министри од турската Влада.
Планирано е турскиот претседател да ги посети и Србија и Хрватска. – Со одржување на нашите длабоки пријателски и историски врски со балканските земји, настојуваме да спречиме тензии. Турција ја следи политиката што поддржува стабилност и развој на Балканот и неговиот евроатлантски интегративен процес, изјави Ердоган пред да ја започне тридневната регионална турнеја.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека